Пендapoвcки ја “оплecкaл” со Cpбиja? Бypна peaкциja oд cpпcкиот пpeтceдател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека Македонија направила сè за да ѝ се додвори на Германија како најмоќна сила во Европската Унија.

Вучиќ за ТВ „Прва“ рекол дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски го замолил Македонија да не се изјаснува за Косово.

-Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате. Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците, рекол српскиот претседател.

Претходно српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кажа дека Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.