Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на прес конференција се заблагодари на соседна Србија за имунизацијата на македонските граѓани, но порача дека тоа што викендов го видовме таму е срам за нашата држава.
-Toa што гo видовме изминатиот викенд во Србија не треба да се повторува. Благодарам на Србија, но ова беше срам за нашата земја, вели Пендаровски.
Пред еден час на Фејсбук се јави и министерот за здравство, Венко Филипче, кој напиша дека не се согласува со Пендаровски:
– Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана.