Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на Македонците од Бугарија. Во коментарот по средбата, шефот на државата ниту еднаш не спомена дека тие се Македонци туку граѓани од Бугарија
“Средба со претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија. Разговаравме за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.
Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година”, напиша Пендаровски.