На прашањето „за која партија ќе гласате на наредните избори“, повеќе од 43 отсто од гласачите одговориле дека нема да гласаат, дека не знаат за кого ќе гласаат или дека ќе го поништат ливчето. Од определените во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ (22%), 11,5% од испитаниците рекле дека ќе гласаат за СДСМ, за ДУИ 9,2 отсто, за Левица 5 %, Алијанса за Албанците 3,5 отсто…, покажуваат резултатите на анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни.
Кај политичките лидери ситуацијата со рејтинзите сега е следна:
Мицкоски бележи раст на рејтингот, додека кај Ковачевски има пад од 2% за разлика од анкетите во февруари годинава.
Она што особено остава впечаток е рејтингот од 0,2% на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој на листата е последен заедно со поранешниот премиер, Зоран Заев.
Целосните резултати од спроведеното истражување погледнете ги ТУКА