Пендаровски: Грешевме дека датумот е готова работа – тешко да добиеме и на пролет

Во синоќешното гостување на TВ “Алсат” претседателот на државата, вели дека било грешка што, како што рече, „прикажувавме дека работата со добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ е завршена работа“.

Пендаровски вели дека е релативно тешко работите да се подредат така што Македонија би добилa датум за ЕУ на пролет, потсетувајќи дека сѐ уште е неизвесно дали новата методологија ќе биде изгласана во јануари.

„Првичните информации кои ги имаме околу ново предложената методологија од страна на Франција велат дека барем 11 држави членки имаат амандмани на тоа, 9 земји членки излегуваат со сосема нов предлог. Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата“, вели Пендаровски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.