Прва дебата на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река вечера на телевизија Телма. Темите актуелни, меѓу нив и Преспанскиот договор.
Силјановска со аргументи објаснуваше како може да се дојде оспорување на делови на Преспанскиот договор, а Пендаровски правото го елиминарше. Во еден момент кога Силјановска зборуваше за Преспанскиот договор и рече дека тој завршува со тн. вечна клаузува која вели дека е непроменлив, непроменливоста е политички чин, а не правен, Пендаросвки рече: „Ова е ново, не го имам слушнато“.
Дебатата помина во стилот професор – ученик или објаснувањата на Силјановска, Пендаровски ги слушаше како ученик.
Силјановска пак објасни многу нешта. Таа укажа дека „во меѓународното право името е неразделен дел од државно правниот субјективитет или правото на самоопределување го вклучува правото на име, знаме, химна, устав“.
-Основен постулат во меѓународното право е симетричноста на договарачите, а не асиметричноста како што е случај со Препанскиот договор. Живееме во ера во која зборуваме за Обединети нации како рамноправни членки и темелот е тука и се инсистира на јус когенс или меѓународното задолжително право, а тука се правото на самоопределување и немашање во внатрешни работи, иако има и други постулати, рече таа.
Силјановска Давкова укажа дека во Договорот стои „ако дојде до спор има постапка како се постапува“. Притоа таа се надоврза на актуелната ситуација кога не беше интонирана химната при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас укажувајќи дека ако до се знае како се постапува“.
Таа и потсети дека и договори меѓу САД и Кина се повелуваат, потоа меѓу САД и ЕУ и како што рече сето тоа повикувајќи се на меѓународното задолжително право. Оттука поосочи таа „може да се оспорат делови од Преспанскиот договор“.
Пендаросвски пак во дебата акцент стави на политиката и меѓународното опкружување.
-Без помош од меѓународните фактори и не можевме да го постигнеме Договорот, рече Пендаровски велејќи дека ги почитува сите правни авторитети и објаснувањето на Силјановска.