Р.К. Прилеп 26 – 21 Р.К.Пелистер (9-9)
Ракометарите на Прилеп поуспешни во пелагониското дерби.
Понесени од публиката во полната сала на СОУ Р.Р.Ричко, прилепчани имаа успешно отворање на новата сезона во машката супер лига на Македонија која според сите очекувања треба да биде максимално неизвесна и изедначена.
Домаќините со оваа победа најавија дека и оваа година ќе атакуваат на место на табелата кое води во плејоф завршница.
Прилепчани во првото полувреме започнаа во грч, гостите беа распочожени и растеретено влегоа во мечот. Се играше цврсто во одбраната без многу голови, па така на полувреме заминаа на одмор при резултат 9-9.
Во второто полувреме после советите на Петрески и Соколески домаќимите наметнаа побрз ритам на игра и работите си дојдоа на свое место за на крај да биде и плус 5 на семафорот.
Во второто коло Прилеп гостува кај новиот суперлигаш Борец од Велес
Редакција на markukule.mk