Страшно невреме вечерва го погоди Пелагонискиот регион.
Силен дожд, проследен со интензивни електрични празнења, предизвика голем број проблеми во сообраќајот, но и во напојувањето со електрична енергија.
Според она што го дознаваме неколку населби во Прилеп останале без струја.
До нашата редакција пристигна и видео од патници кои во овој период возеле по патниот правец Битола-Прилеп.
Од видеото може да се види колку силно беше невремето кое траеше околу половина час.