Пелагониското дерби без победник: Победа – Пелистер 2-2

16864319_1119580278153032_1458339760048663801_n

На пелагониското дерби, кое овој пат се одигра на стадионот во Струмица, нема победник. Екипите на Победа и Пелистер ремизираа, но публиката уживаше во одличниот натпревар исполнет со многу голови.

Победа беше во ситуација на два пати да брка резултат. Голеадата во Струмица ја започна Бојовиќ за водство на Пелистер. По 10 минути Победа се врати со голот од белата точка на Благојче Гешоски.

Во 68 минута Пелистер повторно поведе за 2-1 со голот од пенал на Илиоски, а прилепчани одговорија со голот на Крстески во 76 минута.

По овој натпревар Победа се наоѓа на осмото место на табелата со 15 бодови, а Пелистер на трето со 29.

16807399_1119514778159582_1778236564832715330_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.