Пелагониските бизнисмени, кои подолго од деценија и пол, ургентно и приоритетно бараат автопатско решение на патниот правец Велес – Прилеп- Битола преку Бабуна, а за што од државата добија и бројни ветувања, и понатаму ќе треба да чекаат идни подобри времиња – oбјави “АЛФА ТВ”
Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во моментов, пелагониските бизнисмени биле согласни, а и задоволни со доизградбата на Експресниот пат Градско – Прилеп, која пак најрано треба да заврши за две години. Тој, одговарајќи на прашањето на Алфа, што се случува со ова автопатско решение, не давајаќи конкретен одговор, рече дека сега сите активности биле насочени на интензивирањето на градежните работи на експресниот пат.
„Јас разговарав со сите нив, имавме повеќе средби и нив ги интересира час поскоро да имаат подобра патна врска…Јас сум убеден дека ова е од сериозно значење и ќе бидат задоволни со овој потег што го правиме и дека после изградбата на овој Експресен пат ќе ја увидат можноста да работат непречено и да го видат благодетот од патната инфраструктура во регионот…Сега, во овој момент размислуваме на динамичките планови на овој Експресен пат да го завршиме, секако размислуваме и на автопатот Прилеп – Битола и на изградбата на Екпсресниот пат Битола – Меџитлија, така што во целиот овој регион се работи и секако ќе ги следиме состојбите колкав е бројот на превезени патници, на стока, на возила по овие рути, за потоа да можеме да димензионираме, доколку е потребно проширување, на нови рути отворање понатаму, како што налагаат потребите на државата“ – рече министерот Бочварски.
Наспроти ова пак, пелагониските бизнисмени велат дека досега немале конкретна средба со актуелниот министер и дека ним и понатаму како приоритет број еден им останува автопатот преку Бабуна. Но, признаваат дека и Експресниот пат бил нешто повеќе од досегашното ништо.
„Точно е дека доизградбата на Експресниот пат е од огромно значење за нас и ако биде за две години тоа е сосема во ред. Но, ние и понатаму остануваме на нашето исклучително барање за автопатско решение. Конкретна средба со министерот сме немале, но тоа планираме да го направиме кон крајот на месецов“, – вели за “АЛФА ТВ” Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора од Битола.
На ист став се и бизнисмените од прилепската Стопанска комора. Оттаму велат дека автопатот преку Бабуна им е насушно потребен, бидејќи преку него, покрај другите придобивки, добиваат и значително кратење на километрите.
Инаку, автопатското решение преку Бабуна беше едно од ветувањата на премиерот Заев, како и на екс-министерот за транспорт, Горан Сугарески, кој сега пак е кандидат за градоначалник на Прилеп.
Каролина Дурло
А еве што вети вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при посетата на Прилеп во февруари годинава: