Старата дама после освојувањето на рекордната осма по ред титула во Сериа А и повторниот неуспех да го крене шампионскиот трофеј во Лигата на шампиони, ова лето подготвува пеколна постава за конечно остварување на оваа цел.
Менаџментот на Јуве и ова лето одлично си ја брка работата. ВО своите редови веќе за бесплано го донесоа Арон Ремзи, на кого му истече договорот со Арсенал.
Веќе е сигурно дека на ист начин во клубот доаѓа и Адриен Рабио од ПСЖ, а чекори ги делат од официјализирање на трансферот на младиот Де Лихт од Ајакс.
Покрај овие трансфери се споменува и доаѓање на Трипиер од Тотенхем, доколку португалскиот репрезентативец Жоао Кансело се одлучи да замине во редовите на Манчестер Сити.
Последните денови пак медиумите од Италија пишуваат дека Јуве ќе го врати и легендарниот голман Џанлујџи Буфон кој сега би требало да биде втор голман и да му го чува грбот на Војчек Шчезни.
Еве како би изгледал составот на Јуве за поход кон престижниот „долгоушко“ во Лига на шампиони: