Па дали е можно се да ја гази Земјата? На “Милионер” доби прашање, “Каде се наоѓа кинескиот ѕид”, a потоа се направи резил пред цел свет (ВИДЕО)

Натпреварувачка во познатиот квиз „Кој сака да биде милионер“, кој во минатото го имаше и во нашата државата, се „прослави“ на едно од првите, полесни прашања.

На 26 годишната Су Ајхан и беше поставено прашање каде се наоѓа Кинескиот ѕид, а понудени одговори и беа Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија.

Су не беше сигурна, па за помош искористи два џокери. Прво побара помош од публиката, која со 51 процент гласаше за Кина. На младата Турчинка тука сепак не и проработи логиката, па го искористи и џокерот повикај пријател, на крај сепак го заклучи одговорот со точен одговор.

Иако на ова прашање се „извлече“, милионот сепак не го освои, падна на следното прашање.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.