Зоран Лазаровски Паљото денеска поднесе листа до подрачното одделение на ДИК во Битола за собирање на потписи за независен кандидат за градоначалник.
Потребни му се 350 потписи од граѓаните за да може да се кандидира. Доколку ги собере, ќе му биде вторпат да се кандидира за градоначалник на Битола. Засега Лазаровски е прв и единствен кој собира потписи за независен кандидат.
Собирањето потписи го објави на својот фејсбук профил.
Лазаровски беше кандидат и во 2013 година кога во првиот круг на изборите освои над 2.000 гласа од битолчани.