Пачешкоски и Ковачевски “распукаа” во Прилеп и кажаа дека сите биле задоволни од Владата

СДСМ започна преку трибини да ги промовира мерките на Владата, за кои тие велат дека значително им заштедиле и им го подобриле животот на граѓаните.

Синоќа премиерот и претседател на партијата Димитар Ковачевски со партиското претседателство беа во Прилеп, каде во Центарот за култура “Maрко Цепенков” зборуваа на повеќе теми.

-Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Мојот концепт е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска. Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен. Но на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, истакна меѓудругото Ковачевски.

-Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10%, рече Ковачевски.

-Заедно заклучивме овогодинешните цени на тутунот да бидат: Прва класа 300 денари; Втора класа 240 денари; Трета класа 180 денари; Четврта класа 100 денари, сето ова е за 20 отсто повеќе отколку минатата година. Исто како што ветив и остварив дека за 30 отсто ќе ги зголемиме цените на грозјето исто ќе направиме и со тутунот и тоа во најкризната година во Европа по Втората светска војна, порача Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.