Конкурсот за нов директор во прилепската болница “Борка Талески” заврши пред неколку денови.
Пријавени се двајца кандидати кои имаат долг професионален и политички ангажман. Сашо Пирганоски е поранешен градоначалник на општина Прилеп, а Кети Смилеска поранешен пратеник и актуелен директор на болницата, и секој има своја јака лоби група.
Партијата во Прилеп е во “гроги”, никаков рејтинг, најслаба кадровска постава, ниту еден функционер во Скопје, одмолчување на сите пробугарски одлуки и уште многу погрешни потези, кои на прилепчани му даваат за право да очекуваат нова “циркузијада” во болница.
Последниот збор ќе го има Зоран Пачешкоски – претседател на ОО СДСМ Прилеп, кој по се изгледа нема храброст да пресече и со тоа ќе ја дорастури прилепската структура.
Од друга страна сериозен удар се очекува и од движењето “За наш Прилеп”, кој го собра она што беше квалитетно од СДСМ Прилеп и околу 11 октомври ќе ги обзнани своите програмски и граѓански цели.