Пат од црвени рози за маратонците: Во чест на Тоше утре ќе пристигнат во Крушево

Во чест на македонската легенда Тоше Проески, Крушево утре , петок 16 ти октомври денот кога тој замина во вечноста, во организација на општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, други институции и приватни субјекти ќе бидат пречекани маратонците.

Како и минатата година од влезот на Крушево маратонците ќе се пречекуваат со црвени рози, а на Гумење ќе се пеат песните на Тоше Проески. Маратонците и градоначалникот на општина Крушево ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит.

„Оваа година ќе полагаме цвеќе и ќе оддадеме почит на веќе изграденото вечно почивалиште на Тоше. Конечно успеавме да се оддолжиме барем малку на Тоше, но преку многу настани во негов спомен ќе продолжиме да го негуваме неговиот лик и дело.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.