Патриотско Ропотово и оваа година традиционално, организира спектакуларен пречек на Илинденската коњаница. Пристигнувањето на коњаниците ќе биде на 30.07., кога со почеток од 18 часот на спортското игралиште ќе има и музичка програма.
Ќе настапат одличните “ОК Бенд”, кои со убава македонска песна ќе им посакаат безбедно да стигнат во славно Крушево, на одбележувањето на 122-годишнината од Илинденското востание.
Организаторите ги повикуваат сите жители од соседните населени места, како и од околните градови, да дојдат во што поголем број. Заедно да ги пречекаме коњаниците, да им честитаме за храброста и упорноста која ги краси секоја година, и достојно да одбележиме 122 години од славните илинденски борби за слободна и независна Македонија.
А каков беше пречекот минатата година, погледнете во продолжение:

