Патриотски татнежи, песна и силна љубов кон татковината од градот херој: Прилепчани обединети за заедничка Македонија (ФОТО)

BeFunky Collage

Наследниците на Претседателот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто, граѓаните на градот херој, секогаш непоправливо вљубените во татковината прилепчани, четврт ден со ред излегоа масовен протест и го кренаа гласот против урнисувањето на македонскиот јазик и македонската државност.

17092262_10210577176377100_89115700_n

Одново низ градските улици се слеа народ, илјадници гласови се кренаа против  така наречената “албанска платформа” и нејзиното прифаќање од страна на раководството на СДСМ.

17101819_10210577177337124_1755204807_n

“Нема да ви помине”, “Во Прилеп, на прилепски”, “Неќам три, неќам два, еден јазик сакам јас”, силно извикуваа прилепчани, кои им пренесоа на сите дека нема да се откажат од намерата да си ја зачуваат државата.

17124900_10210577176417101_15319120_n

17141806_10210577176817111_1705892440_n

17141730_10210577170456952_1998976297_n

Прилеп секогаш важел за пример каде се почитувале заедниците, каде се живеело во мир и разбирање, но на ваков начин да се раскинува црвено-жолтата македонска боја е несватливо и неприфатливо за прилепчани.

17141496_10210577170696958_1643036708_n

17124424_10210577176697108_966834697_n

17125243_10210577169776935_1759599399_n

17101917_10210577176097093_169799139_n

Граѓанските здруженија, организатори на овие мирни маршови ги повикаа граѓаните, утре со почеток од 13 часот на голем хепенинг.

 

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.