Испровоцирани од обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој од собраниската говорница порача дека со албанските партии ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, патриотските здруженија му порачааа да не ги лаже ѓаволот да преземат некои мерки контра Македонија и нејзинот народ.
Македонските патриотски здруженија повторно го повикаа народот да излезе уште помасовно на протестите со цел да ја спаси својата држава од влегување во сценарио од кое нема враќање назад.
Од М.П.З. Славчо Абазов велат дека застануваат зад унитарноста на независна Македонија и дека никаква Тиранска платформа не прифаќаат
Македонското патриотско здружение, Славчо Абазов, Кочани, застанува зад унитарноста на независна Македонија, никаква Тиранска платформа не прифаќаме, која е наметната од туѓа држава и никако промена на државните симболи, спремни сме да застанаме на браникот на државата и да ја браниме со сите расположливи средства, пишува во нивниот Фејсбук статус.
Од патриотското здружение од Прилеп, Пере Тошев, велат дека многу пати биле навредувани и омаловажувани од структури на општеството кој што и мислат лошо на Македонија а во последниве денови најголема навреда за Македонштината е формирањето на Здружението „Легија на честа“, за да биде појасно ова здружение нема патриотски мотиви туку е составено од членови на т.е. Шарена револуција чии што траги од нивните активности се видливи и ден денес во секој град на Република Македонија, се вели во нивниот статус.
Фејсбук статус на М.П.З. Пере Тошев од Прилеп
Почитувани пријатели Македонци и Македонки !!!
Протестираме веќе два месеци со поддршка „За заедничка Македонија“. Многу пати сме биле навредувани и омаловажувани од некои структури на општеството кој што и мислат лошо на Македонија а во последниве денови најголема навреда за Македонштината е формирањето на Здружението „Легија на честа“, за да биде појасно ова здружение нема патриотски мотиви туку е составено од членови на т.е. Шарена револуција чии што траги од нивните активности се видливи и ден денес во секој град на Република Македонија. Ние како Македонско Патриотско Здружение Пере Тошев и како дел од Македонскиот Национален Фронт во Република Македонија, нема да дозволиме да се повторуваат сликите од пред неколку години со фрлање на боја по државни институции, фарбање на споменици на дејците кои што оставиле трага во Македонската историја. Сега ни треба обединување на Македонците за зачувување на унитарноста на државата, обединување за отфрлање на наметнатата Тиранска платформа, а не фарбање на очи.
Ние сме спремни и делуваме, нека не ги лаже ѓаволот да преземат некои мерки контра Македонија и нејзинот народ.
Ќе се одговори жестоко без пардон бидејќи на луѓето им е дојдено преку глава.
Да живее Република Македонија !!!
МПЗ „Тодор Александров“ вчера го повика целиот македонски народ да се приклучи на протестите „За заедничка Македонија”, да се отфрли Тиранската платформа и да се создаде агенда и платфрма за семакедонско обединување за заштита на Република Македонија и македонските национални интереси.