Патот Тополчани-Канатларци претворен во стакло: Излета возило поради негрижа на надлежните (Фото)

Жителите од населените места Тополчани и Канатларци во прилепско, информираат дека локалниот пат помеѓу овие две поголеми населени места е целосно завеан и замрзнат.

Како последица на негрижата на надлежните вечерва излетало и возило од патот.

Жителите информираат дека причина за тоа се и високите банкини за кои повеќе пати апелирале да се потполнат со тампон.

За среќа возачот на автомобилот не се здобил со посериозни повреди, но состојбата е алармантна, бидејќи селата се речиси отсечени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.