Шефовите во една авиокомпанија во Индонезија си поднесоа отказ откако се појави видео на кое се гледа како пилотот оди мртов пијан на лет.
На видеото се гледа дека капетанот на летот Текада Пурну поминува покрај детекторот за метал во пијана состојба .
На видеото исто така, се гледа дека тој ги губи своите работи на подот, додека другите луѓе му ги собираат. Патниците се шокирале кога пилотот започнал да зборува неразбирливо.
Некои си заминале пред летот, жалеќи се на авиокомпанијата.