Дел од украсните клупи на “Арт плоштадот” кои се наоѓаат покрај патеката на славните прилепчани, се уништени и така стојат веќе подолг период.
На овој дел од плоштадот во центарот на Прилеп се наоѓа патека на која се испишани имиња на прилепчани кои низ историјата оставиле белег врз културното, уметничкото и литературното творештво на градот и државата.
Клупите и уметничките статуетки се само декор на познатата патека на славните која во изминатите години се надополнуваше со нови имиња.
Она што денеска е забележително е дека на патеката речиси и да нема светло кое функционира, а несовесни граѓани само дополнително го уништуваат декорот наоколу.