Паско Кузман: “До мојата 111 година треба да завршам уште неколку монографии и да го најдам гробот на Александар”

До мојата 111 година треба да завршам уште неколку монографии за археологијата во Македонија, да го завршам мојот роман и, се разбира, да го откријам гробот на Александар Македонски, вели по неколкугодишен молк во јавноста во интервјуто за МКД.мк и Республика Паско Кузман, познатиот македонски археолог.

– Ние досега имаме откриено само една третина од македонските слоеви. Има уште многу, многу за копање. Македонија е бремена со археолошки наоди. Македонската почва е трудна од тие вредности. Преполна е. Кога би се породила, би изродила илјадници близнаци, милиони… Толку многу е богата и толку многу работа има за сегашните и идните генерации. Тоа е темелот. Кога некој ќе ми рече е што толку, тоа е античко, тоа е праисториско. Сето тоа е наше културно наследство, тоа е дел од нас, оваа почва по која ние денес газиме, ја сееме, извинете – ја мочаме. И ако тука излезе Хераклеј, кај да го носиме, да ѝ го предадеме на Атина, во Лондон да го носиме?! Не! Тоа е наше. Им посакувам на моите сегашни и идни колеги интензивно да работат на тоа и ќе им биде полн животот.

Целото интервју можете да го причитате на ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.