Партнер на секој дом, за чистота и здравје! Посетете го “ХЕМИС” маркет во Прилеп, и пазарете хемиски производи по најниски цени! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Хигиената е половина здравје, а во овие модерни времиња кога сме опкружени и постојано сме под закана од нови вируси и бактерии, за нашето и здравјето на нашите најмили треба постојано да бидеме подготвени.

А за да бидеме подготвени, треба редовно домот да го снабдиме со соодветни хемиски производи. За среќа сега има каде и тоа на едно место и по најниски цени.

На улица “Битолска” во Прилеп, на раскрсницата кај театарот, веднаш до свеќарот, се наоѓа “ХЕМИС” маркет, продавница каде ќе најдете буквално се’ од хемиски производи. Снабдени, преснабдени, подредено како во аптека, избор за секого и цени какви што нема никаде.

Веќе подолго време “ХЕМИС” маркет е главен партнер на голем број семејства во Прилеп, во борбата против разните бактерии, вируси, дамките и гарант на чистотата во домовите.

На нивните полици ќе пронајдете палети на производи од сите реномирани производители, ваше е само да одберете што најмногу ви одговара. A aко не ја следите нивната Фејсбук фан страна, време е тоа да го направите уште денеска, затоа што така ќе бидете во тек со сите акциски цени и намалувања, а верувајте ги има многу и тоа секој ден.

Покрај секакви хемиски производи, во “ХЕМИС” маркет ќе пронајдете голем избор на пластичарски и производи за домаќинство, козметички производи и најразлична галантерија за кујна и купатило.

Кој ги посетил знае дека заштедата е гарантирана, а домот секогаш ќе ви блеска од чистота. На сопствениците навистина треба да им се честита за напорот да понудат ваква опремена продавница, а притоа да водат грижа за сечиј семеен буџет.

Веќе утре, работната недела нека ви започне со пазарење на се’ што ви е потребно за летна генералка во домот или деловниот простор. Изберете го “ХЕМИС” маркет за ваш партнер! Ви гарантираме дека нема да зажалите!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.