Партиски функционер лапал адвокатски услуги без исав? (Видео)

Општо позната тајна е дека СДСМ брзаа да дојдат на власт за да ги сместат нивните фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработуваат пари. Тоа е случај и со адвокатските друштва во СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски:

-Класичен пример е адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра.

Имено, адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска – Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева.

Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ, инаку претседател на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеник голем таканаречен борец за правда држава која што гледаме дека не функционира.

Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ.

Како е можно баш ова адвокатско друштво да земе за 3 и пол години 55.000 евра?

Кој е одговорот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева што токму адвокатското друштво каде што е таа основач и содружник до пред да стане пратеник, земало над 55.000 евра од овие институции во текот на овие три и пол години?

Очигледно е.

Ова е начинот на СДСМ како заработуваат пари на грбот на граѓаните.

Калеска во Собрание објаснува за правните норми и правна држава, а позадински нејзиното адвокатско друштво што го основала претходно, пред да стане пратеник земала 55.000 евра од државни институции по основ на паушали.

На кој начин овие институции, каде и во најголем дел од директорувањето бил само еден човек директор од СДСМ и цело време токму оваа фирма ги добива паушалите? На кој начин токму оваа фирма ги добивала паушалите?

Почитувани,

СДСМ има вакви безброј канали за испумпување на парите на граѓаните по било кој основ. Тоа мора да се прекине

Ја повикуваме Антикорупциската комисија под итно да отвори постапка и да провери дали сето ова е направено во рамките на законот. Можеби е направено во рамките на законот, но дали има судир на интереси и дали е етички морално и по законот за судир на интереси,рече Арсовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.