Партерно се уредува просторот позади зградата на СВР Битола

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која беше неорганизирана земјена површина – информираат од Општина Битола.

Партерното уредување со бехатон плочки е на површина од околу 800 м2, а проектот вклучува и решение на канализацијата, односно преку собирни одводни решетки, насобраната атмосферска вода ќе се одведува од партнерната површина.

Вкупната сума за реализација на овој проект е околу 2,3 милиони денари, a изведувач на работите е ЈП „Нискоградба“.

Општина Битола ќе продолжи со уредување и на други простори од каде што беа отстранети гаражи и ќе се направат нови паркинг простори како што се кај „Овчи Пазар“, кај „Ат Пазар“, кај местото викано „Хеликоптерот“, кај „Кифлата“ и локацијата каде што беше поранешен финансов во близина на „Дрвен Пазар“ – стои во соопштението од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.