Со средства од Локалната Самоуправа на општина Прилеп во висина од 1.500 000 денари, на претходно изработен проект од страна на ЈП за ПУП при Локалната Самоуправа на општина Прилеп, партерно се уредува дворот во О.О.У Блаже Конески- Варош.
Истиот предвидува позиции за изградба на потпорен ѕид, оградување, уредување на патеки со бекатон, зелени површини, изградба на кошаркарско игралиште. Се за потребите на учениците.
Проектот се реализира согласно и координирано со Програмата на општина Прилеп на урбанизам за населбата Варош. Училиштето е отворено 1926 година и прв пат е реконструирано во 2013 год, повторно со средства на Локалната Самоуправа на општина Прилеп, во висина од 1.900 000 денари. Се реновираше фасадата, тавани, подови, со 450.000 денари се намести централно парно греење….
Изведбата на проектот е во тек, градежните активности се одвиваат. Со реализацијата на партерното уредување се заокружува првата фаза од истиот. Учениците ќе имаат можност за забава, вежбање, дружење, рекреација, а и делот ќе се урбанизира, ќе добие поубав, посовремен естетски изглед во тој дел околу училиштето.
Локалната Самоуправа продолжува со реализација на уште многу други идни проекти за О.О.У “Блаже Конески”- Варош и Точила.