Паркот кај театарот ќе добие нов лик

Интензивно се работи на паркот кој се наоѓа во близина на театарот во УЗ „Рид“. Градоначалникот Марјан Ристески заедно со екипите ја ЈКП „Комуналец“ направија увид на градежните активности.

_MG_8330

„Се  средува еден од поцентралните градски паркови, овој парк откако ќе биде среден ќе прерасне во прекрасно катче за уживање и тоа за сите генерации, за месец  дена комплетно ќе биде среден овој парк, посочи градоначалникот Марјан Ристески во неговата изјава.

_MG_8406

Жителите од оваа урбана заедница со стари слики од некогашниот парк, раскажуваа како изгледал тогаш, а како сакаат истиот да биде направен сега. Од пред една година доставиле Барање до општина Прилеп за доуредување на оваа парковско место.

„По барање на нас жителите од оваа населба, веќе се работи на уредување на паркот кој се наоѓа во централното градско подрачје, се прават нови патеки, ќе има и нови зелени површини, а во план е да се обнови и некогашната фонтана”, посочи Дамјан Ачкоски жител на УЗ.

_MG_8324

„Екипите  на ЈКП „Комуналец “ веќе се излезени  и работат на терен, им благодариме на граѓаните од оваа УЗ што постојано ни даваат сугестии како сакаат да изгледа овој парк, истиот го работиме по нивни терк, во паркот ќе има нова фонтана и разни чешми, зеленило, клупи за одмор, посочи Лилјана Силјаноска Пурдеска потпарол на ЈКП „Комуналец“.

_MG_8425

Во исто време се средува и музичкиот парк, а потоа  ќе се пристапи и на доуредување на уште еден парк и детско игралиште кој се наоѓа од другата страна на улицата Александар Македонски, истакна градоначалникот Ристески на средба со граѓаните кои беа дел од самиот настан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.