Со паркирање во хуманитарните зони Х1, на неколку локации во нашиот град, граѓаните ќе донираат дел од средствата во солидарниот фонд, а потоа тие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од ранливи категории и итни случаеви, кои имаат ургентна потреба од финансиска помош – напиша на ФБ градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
-Штип е град на солидарноста, град на хуманоста, да паркираме и донираме и сите заедно да дадеме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна – пишува Јорданов.