Парични kaзни за четворица прилепчани поради непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање kaзнен налог за четири лица, жители на Прилеп.

Секој од нив во одделни случаи го сторил kpивичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не се придржувале кон забраната за движење на населението на територијата на државата, па без дозволи се движеле пеш или со возила за време на полициckиот час.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Прилеп и во Крушево ги достави предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична kaзна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 20 евра во денарска противвредност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.