Панчев за титулите на Вардар во ракомет: Да споредуваш ракомет со фудбал е како да споредуваш професор од средно со Ајнштајн

Поранешниот голгетер на Црвена Ѕвезда и освојувач на “златната копачка”, Дарко Панчев, во интервју за српски “Би-Би-Си”, зборуваше за македонскиот фудбал, за дербито Партизан-Ѕвезда, но направи и една непопуларна споредба на ракометот и фудбалот.

Историскиот успех на ракометниот клуб Вардар кој во три години два пати ја освои титулата во Лигата на шампиони, Панчев го гледа на следниов начин:

“Да споредувате ракомет и фудбал е како да споредите професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа?”, рече Панчев и додаде:

“Нашите луѓе се желни за успех – да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но, кога сте виделе во школски двор да се соберат десетина деца и да играат ракомет?”

“Денеска не играат ништо, можеби само фудбал и кошарка”, вели Панчев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.