Пандов: “Анкетите покажуваат победа на БОЈКОТИРАМ, до 30-ти не излегувајте на ниту еден собир, ќе биде злоупотребен”

(Фејсбук статус на аналитичарот Александар Пандов)

“Анкетите покажуваат триумфална победа на сенародното движење #Бојкотирам на референдумот на 30-ти. Свесен дека против нас имаме фашистичка хунта, која сега во бес и очај ќе направи се да испровоцира инцидент, со кој би не прикажале нас како насилници и руски платеници, се приклучувам кон повикот, во наредните денови до 30-ти вечерта, не учествувам на било какви собири со предзнак #Бојкотирам. Ќе повторам и ве молам, уверен сум и тврдам дека било каков собир ќе биде злоупотребен и затоа немојте да учествувате. Тоа нас и на Македонија сега најмалку ни треба. Тоа што треба да правиме е да останеме активни на социјалните мрежи и да чекаме 19 часот на 30-ти, за да излеземе и ја прославиме најголемата победа во поновата историја на Македонија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.