Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна и седмиот гол сезонава во Серија А, во дресот на Палермо, четврти и на четврти меч едноподруго.
Да биде парадоксот поголем, неговиот тим има шест едноподруго порази, па сега од Палермо се „крстат“ во оној со кого се потсмеваа по потпишувањето на договорот… „Ех, кога би имале 11 Несторовски…“ се дел од написите на колумнистите на Палермо низ италијанските медиуми.
– Македонскиот напаѓач има за два месеци постигнато девет гола, вклучувајќи ги и оние два во националниот дрес, што доволно зборува за каков играч се работи. Овозможете добри топки за Несторовски пред противничкиот гол и со сигурност знаете дека ќе ја затресе мрежата. За Илија Несторовски главниот проблем е што тој е осамен класа играч во редовите на Палермо. Ех, кога клубот би имал 11 клонирани Несторовски – пишува Алберто Џамбруно.