Палевски за РСМ: Од Албанската платформа Заеви се „омрсија“ со скапи ндвижнини во Берн- Швајцарија

Од албанската платформа Заеви се „омрсија со скапи недвижнини во Берн-Швајцарија” изјави за програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Љупчо Палевски, поранешен прв човек на градската конференција на СДСМ.

ljupco-palevski-rsm-480x270

Притоа Палевски додава: Сметам дека се работи за класично корупција КЕШ, и тврдам дека е прашање само тоа, бидејќи не гледам никаков бенефит. Албаницте тоа многу вешто го прават, бидејќи тие не се должни да ни помогнат и да поверуваме во нивната намера за права, за нивна позиција, индивидуална ,колективна позиција во оваа земја. Не му нудат ништо на Макдонецот,за Македонецот навистина да поверува.

Едноставно, Албанците барат, а не нудат ништо. Штом не нудат ништо, значи дека сета таа работа е платена”, категоричен е Палевски.

Според овој поранешен висок фунционер на СДСМ и човек кој важи за близок соработник на поранешниот претдестел на СДСМ Црвенковски: „Се шпекулира, дека се работи за сериозен износ, финансиски стредства, но сето тоа е во сферата на шпекулациите, не би сакал сега да долевам „масло во огнот”, на оваа запалена атмосфера, меѓутоа знам дека се работи за неколку милиони НЕДВИЖЕН ИМОТ во Берн, во Швајцарија, и токму во време на неговиот престој во Берн, Швајцарија”, нагласува Палевски.

Палевски говорејќи за доаѓањето на Заев на политичката сцена во овој тригодишен период и значењето на неговиот ангажман во сета оваа тригодишна криза во Македонија, социјалдемократот Палевски со став: „Целта на доаѓањето на Заев во СДСМ,во овој тригодишен период со почетокот „За вистината за Македонија”, каде што и јас лично се излажав во проценките е дека се работи за е некоја антикоруптивна борба политичка во која со,, бомбите,, и со ,,материјалот,, кој беше презентиран на јавноста на обичниот човек се презентираше аудио презентација дека се работи за корупција од огромни размери.. Меѓутоа во 2015, односно во 2016 година се отвори втор дел од овој проект, а тоа е „Албанската платформа” истакнува Палевски и додава: Наивно Зоран Заев во месец август при разноразни посети на некои комитети, без никаква причина почнал да говори за отварање на Рамковниот договор, бидејќи тој не бил доволен,..несиполнет.. „дека е малку, и дека треба повеќе да одиме“. Кажуваше некои флоскули кој што и самиот не ги разбираше, и веќе тогаш разбрав дека оваа е сериозен проект, регионален проект, во кој се отвораат прашања, за кој овој народ, оваа држава, овој систем не бил подготвен, а уште помалку, би можел слободно да кажам, дека и политичката елита е подготвена за такво сериозно прашање – отворање како што го отворил Зоран Заев.

Подилетантски, да не кажам индијански, не можеа да се отворат системските вредности на оваа држава, а Заев ги отворил.”, оценува Палевски.

Запрашан на што се должи дилетанското однесување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Палевски со одговор: „Чув едно безконцептуално политички „лито“ ветување на луѓе кои не се воопшто виновни, дека Охридскиот договор треба да се надогради, дека тој е „тесен“ дека Охридскиот договор е минато. Зошто да не се оди и над Охридскиот договор?

Навистина не знам што му значеше да се оди надвор од охридскиот договор, значи на најдилетански можен начин, ги собираш Албанците во Берн и им ветуваш нешто за кој и самиот ништо не знае.

Зошто тоа го направи, не знам но тврдам дека се работи за КЕШ.!”, категоричен е поранешниот претседател на Градската конференција на СДСМ.

Дали Заев е сам во оваа зделка?

Палевски со одговор:„ Не , Заев не е сам.Сите овие денеска што се членови на Извршниот одбор на СДСМ имаат сериозна одговорност што молчат додека сето ова се случува!

Некој од нив е пратеник во парламентот,некој чека министерска позиција, меѓутоа, овие моменти кога за формирање влада и потписи за таа влада се разговара за вакви системски и тектонски пореметувања сноси и одговорност!

Не само бенефит. Сносат и одговорност. Таа одговорност ќе видеме кога?, категоричен е Палевски и додава:„ Меѓутоа, на ваков начин помеѓу две партии договарање на промена на систем на уредување на една држава престваува сериозна одговорност полититичка а потоа и кривична:дали се млади,или неискусни, јас не знам, меѓутоа тоа е сериозна работа што во моментов и се случува на државата, тие сметаат дека со дебати на телевизии дека сето тоа ќе биде оправдано….”,истакнува Палевски.

Во интервјуто за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија се осврна и за работата на СДСМ , тој меѓу другото даде своја анализа:„ СДСМ е претворен во невладина организација,на млади момци кои имаат амбиции, малце перфоманси, а сето тоа созадава една фрустрација и на функционалноста на тоа едно време голема партија.

Значи во моментов, никаков демократски капацитет, зборувам за внатре во Социјалдемократскиот сојуз, затоа како последица предизвикува и некаква акција на терен што подразбира многу лоши резултати. Не треба да ги опишувам, само треба да ги нотираме резултатите од последните избори кој пред некој ден Џемс Бејли, американскиот амбасадор ги окариктаризира како кредибилни што беше и целта со Пржинскиот договор, а од 27 март потврдено и од Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.Тој изјавува дека изборите од 11 декеври 2016 во Македонија беа регуларни.Резултатитеги покажуваат перфомансите на Социјалдемократски сојуз.Сето она што го доби како подарок од Стејт Департементот и Сорос, а тоа се 60.000 албански гласови, кои не се политички одлуки како еден изборен инженеринг на овој проект.”, изјави Љупчо Палевски,поранешен претседател на Градската конференција на СДСМ за Програмата „ Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија.

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.