Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб дожд во северните делови. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до седум, а дневната од 13 до 20 степени.
До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и потопло, освен во вторник кога повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во благ пораст.