Необично топлата есен приврши овој викенд, а веќе температурите значително се намалија низ целиот Балкан.
Првата снежна покривка падна во Хрватска, на Сљемен во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса. Снег врнеше и во Словенија и Босна и Херцеговина.
Според прогнозите на светскиот веб-сајт за временска прогноза Accuweather, нема ниту ние многу да чекаме да падне првиот снег. Метеоролозите предвидуваат дека во Македонија првиот снежен дожд ќе падне на 26 ноември.