Падна одлука! Еве кога ќе биде изиграно финалето на Лига на шампиони и Лига Европа

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) закажа 13 часовна видеоконференција со 55 претставници на националните сојузи, како би го решиле прашањето за прекинот на сезоната поради кopoнавиpycoт кој се прошири на целата планета.

Кога ќе заврши суспензијата на натпреварувањето поради кopoнавиpycoт, домашните првенства ќе бидат продолжени, по забрзан принцип, исто како и Лигата на шампиони и Лига Европа.

Точните датуми сеуште не се утврдени, работното тело на УЕФА работи на тоа.

Меѓутоа, во шпанските медиуми во меѓувреме се појави информација дека финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра на 27 јуни во Истанбул, додека финалето од Лига Европа ќе биде три дена порано во Гдањск.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.