Падна Владата на Италија откако премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.
Премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата, а потоа, според протоколот, тоа официјално го соопштува на претседателот на републиката.
Премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе „пилотска“ криза, доколку претседателот му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарни партии.
Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.