Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм попладнево пријавија дека имаат проблеми.
Корисниците од поголемиот дел од Европа и САД , какои во Азија , пријавија дека не може да се логираат на Фејсбук и на Инстаграм.
Апликациите работат бавно или воопшто не работат и не се вчитува нова содржина. Downdetector.com покажува проблеми низ цела Европа и САД.
Проблемите се видливи и во помали области на Јужна Америка и Азија.
Од 16 часот, повеќе од 2.300 корисници на downdetector.com пријавиле проблеми со Инстаграм , а дел од корисниците подоцна започнале да известуваат и за проблеми со Фејсбук.
Корисниците на Фејсбук известуваат за проблеми со пораки, како и со пристап до самата мрежа, додека на Инстаграм не може да се поставуваат нови содржини.