Четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“, Даниел Станчев, среде судница ја побара својата девојка за жена, откако му пресудија 4-годишна затворска казна. Неговата девојка се согласи да му биде жена.
Емотивна беше атмосферата во судница, имаше солзи и плачење, пишува Пресс24.
За потсетување, денеска паднаа пресуди за случајот Софтвери. Првообвинетиот Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од осум години. Второобвинетиот Ивица Димитровски доби пет години казна затвор. На Игор Христов му е одредена казна од пет години и шест месеци. Четвртообвинетиот Даниел Станчев е осуден на 4 години. Ирена Ивановска доби три години и шест месеци, а хонорарците Игор Ивановски и Маја Силјановска добија три години затвор. Казните ги изрече судечкиот совет, чиј претседател е судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.