Паднаа пресуди, докажан криминалот во „Фабриката за афери“ на СДСМ

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше изречена пресудата за случајот „Фабрика за афери“ за кој се обвинети браќата Захир и Имер Беќири за фалсификување на лични карти и документи.

zaev-i-caus

Захир Беќири Чауш е осуден на 2 години и шест месеци затвор и парична казна од 123.000 денари, а неговиот брат Имер на една година затвор и 61.500 денари во случајот „Фабрика за афери“.

Браќата Захир и Имер Беќири кои сега се осудени, претходно рекоа дека не се виновни и побараа ослободителна пресуда во завршните зборови.

Обвинителството побара затворски казни со тврдење дека дома имале цела работилница за изработка на фалсификувани документи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.