ПАДНАА И ПРВИТЕ РАФАЛИ: Припадници на АНА отвориле рафал во пограничната зона со Црна Гора, возвратиле и Црногорците!

Тензиите околу границата помеѓу Црна Гора и Косово секојдневно се зголемуваат откако припадниците на АНА биле распоредени во близина на границата, кои би требало да реагираат во случај да почне примената на договорот за демаркација со Црна Гора

received_10208937003893813

Вчеравечер (среда) во подрачјето на Калударска капа, во општина Беране се слушнале и првите рафали.

Според проверени извори, како што пренесуваат Црногорските медиуми со неколку рафали биле вознемирани сточарите во месноста на црногорската страна на планината Мокра, а според некои информации и сточарите не останале мирни, па возвратиле на рафалите. Ситуацијата брзо се нормализирала и повторно завладеала тишина.

Како што известуваат Црногорските медиуми црногорските безбедносни служби се во состојба на зголемена готовност, а неофицијално се дознава дека на црногорската страна се распоредени и припадници на Војската на Црна Гора.

Пред неколку дена припадниците на Специјалната анти-терористичка единица на МВР Црна Гора, на ова подрачје постаија митралески гнезда, со цел да се одвратат непосакувани „гости“ со жесток огнен одговор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.