Професорката Ана Павловска Данева на Фејсбук ги искоментира најавите дека во учебниците ќе има промени, и ќе се отстрани „бугарски“ пред фашистички окупатор.
Ова вчера го најави премиерот Зоран Заев.
„Следно што е? Дека партизаните не окупирале, а Бугарите не ослободиле?“, пишува Павловска Данева.
Дел од бугарските медиуми ова го оценија како нивна победа. Заев вели дека не смееме цели нации да обвиниме за фашизам.