Павле Трајанов: Алкоxoлот меѓу пpaтениците влијае за атмocфepaта во Собранието

Пратеникот и поранешен министер Павле Трајанов во изјава за „Слободен печат“, коментирајќи го вчерашниот настан во Собранието, вели дека во законодавниот дом кружи многу алкохол и тоа меѓу другото има влијание кон вкупната атмосфера и однесување на дел од пратениците.

Мислам дека во целина имаме ниска култура на однесување. Сведоци сме на меѓусебни навредби девалвирања меѓу опозицијата и позицијата. Се користат сите инструменти за дискриминацијта од едните кон другте. Недостасува нивото на комуникацијата и тоа по некоја линија создава меѓусебна недоверба која неретко резултира со вербални навреди, недолични коментари па дури по некогаш и физички пресметки. Достапноста на алкохолот во Собранието е причина плус за ваквата атмосфера – посочува Трајанов.

Лидерот на Демократскиот Сојуз Трајанов додава дека ниту Уставот ниту законите во земјава имаат можност да ги санкционираат ваквите испади на пратениците. Тоа според него промовира неказнивост и лоша слика кај граѓаните.

Пратениците се со траен мандат ниту уставна ниту законска можност имате да го разрешите. Од таму нема сила во државата што може да ги казни. Одговроноста за жал е во партијата. Единствена сила што може да го повлече пратеникот е добрата воља на лидерот на партијата што е за неверување а таквиот систем ја прави државата партизирана и не функционална – објаснува Трајанов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.