ОЈО отвори истага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Facebook за пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали.

Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој има и човечки жртви.

Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност.

Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.​




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.