Очај! Влезот на хотел “Липа” стана спална за бездомници (ФОТО)

Некогаш беше бисер на Прилеп, место каде се случувале најголемите прослави, свечености, каде доаѓале луѓе од цела Македонија, но и од голем број земји од соседството и од странство…

Денеска само стои немо, уништен, во руини, се што можело да се ограби е ограбено… И додека некогаш ексклузивниот хотел “ЛИПА” денеска го нагрдува целиот град, кај повозрасните се’ уште буди спомени, спомени за едно време кога се живеело безгрижно, растеретено, кога имало повеќе насмевки на лицата од луѓето, се сеќаваат на прекрасните игранки тука, на раскошните свадвени свечености, на музиката во викендите…

Сликата од хотелот е целосно грда, тој веќе стана засолниште за бездомници и веројатно за скоро овој објект би можел да стане и ризик по безбедноста.

Фотографиите се од главниот влез, каде можат да се видат душеци и лимена преграда, која пак беше ставена откако внатре беа откорнати сите кабли, сите инсталации и беше ограбено се’ што некогаш беше вредно и убаво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.