“Оф бе Зоки, па ти на нива си бил кога тоа се учело”

“Заев: Светска, балканска и туѓа историја присвојувавме како своја. Оф бе Зоки, па секоја нација е халуцинација, базирана на митови и преувеличени историски посебности. Така имаш мит за Венеција, мит за Дубровник, романтичарскиот мит за Грција, мит за Нацијата, култ кон Нацијата. Идејата е од повеќе конфликтуални идеологии, да се обедини нацијата ако може околу една, доминантна нарација, пишува поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.

Затоа некад има и поделби или граѓански војни. Ама јеби га, ти на нива си бил кога тоа се учело. Не тропај за работи што не ги разбираш, и ако веќе сме држава, нација, тогаш мораме да имаме колку-толку усогласена верзија околу националниот идентитет, додава тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.