Националната арена „Филип Втори“ од денеска го промени своето име во национална арена „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната редовна седница.
По стартот на постапката за преименување на нашиот најголем стадион, Владата одлучи да именува по најголемата македонска музичка ѕвезда во историјата.
„Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“ – соопштија од владината служба.
Најголемиот македонски стадион, долги години познат како Градски стадион, во 2009 година беше преименуван во „Филип Втори“, а во периодот од 2016 до 2017 година го доби и името „Телеком Арена“ по добиеното спонзорство од Македонски Телеком.