Официјално! Македонското чудо од дете е веќе играч на Јувентус, трансферот изнесува неверојатни 35 милиони евра (ВИДЕО)

Македонецот по потекло кој е роден во Шведска, 19-годишниот Дејан Кулушевски, е пред преминување во Јувентус, откако италијанскиот шампион постигна договор за трансфер со Аталанта.

Трансферот ќе изнесува 35 милиони евра плус потенцијални 10 милиони во бонуси.

Кулушевски настапува како позајмен играч во редовите на Парма, а досега има постигнато 4 погодоци на 16 настапи.

Јувентус му понуди договор на Кулуштевски во траење до 2024 година и 4 милиони евра по сезона, па сега од “старата дама” се пред одлука дали ќе ја прекинат позајмицата со Парма веднаш, или ќе го остават играчот да настапува за овој клуб до лето.

Кулушевски дојде во Аталанта во 2016 година од шведскиот тим Бромапојкарна и настапи само три пати во сезоната 2018-2019. Шведскиот тим исто така ќе заработи од трансферот на несудениот македонски репрезентативец.

Мајката на Дејан е Македонка, а тој досега има натапувано за репрезентацијата до 17 години, но потоа го имаше своето деби за Шведска во ноември 2019 година.

Според информациите на италијанскиот весник „Тутоспорт“, Дејан Кушевски е во Торино и ќе потпише со Јувентус, медицинските прегледи се закажани за утре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.