Официјално: Започнува италијанската Серија А !

По многу преговарања и договарања, стигна и одлуката!

Италијанската фудбалска лига Серија А започнува. Најсилното првенство на Апенините ќе ја продолжи сезоната на 13 јуни.

Клубовите од Италија од понеделник започнуваат со групните тренинзи, а денес беше донесена и одлуката за продолжување на натпреварувањето.

Сепак, Серија А мора да се навикне на модификацијата и медицинскиот протокол кој беше побаран од италијанската влада. Имено, во случај еден фудбалер или член на персоналот во клубот да биде позитивен на Koвид-19, целиот тим ќе мора да биде во кapaнтин 15 дена.

Министерто за спорт на Италија, Виченцо Спадафор, потврди дека клубовите од Првата лига може да продолжат со тренинзи на 18 мај, откако сојузот го објави здравствениот протокол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.